Левица пред Уставен суд ќе поднесе иницијатива за оспорување на одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба на уште 30 дена.Ова го најави лидерот на партијата, Димитар Апасиев, кој смета дека шефот на државата го прекршил Уставот со повторното воведување на вонредната состојба.

Според Уставот, шефот на државата има право да прогласи вонредна состојба во услови кога Парламентот не е во состојба да се собере и да донесе ваква одлука како имаме сега во ситуација на распуштено Собрание поради изборите што требаше да се одржат на 12 април.
Но, претседателот на државата нема право да ја продолжи вонредната сосстојба на уште 30 дена. Тоа Пендаровски пред пет дена и го напомена, образложувајќи дека донел „нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена.

Постојната вонредна состојба завршува , а поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена, и нема да биде формално правно продолжена, бидејќи за тоа нема уставно-правен основ. Затоа врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи донесов нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата теритоерија на државата- објасни Пендаровски.
Оваа негова одлука сега Левица ќе ја оспори пред Уставниот суд кој ќе мора да се изјасни дали ја прифаќа иницијативата во најкус рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.