Партијата „Левица“ вечерва на социјалните мрежи соопштим дека е ставен „КРАЈ НА ЗАЕВИЗМОТ – ДУИ КОНЕЧНО ВО ОПОЗИЦИЈА!“
Денес на координативна средба политичките партии – ЛЕВИЦА, ВМРО-ДПМНЕ, АЛИЈАНСА, АЛТЕРНАТИВА и БЕСА договорија пад на Владата СДСМ-ДУИ.
Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!
Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка.
Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ.
Левица, и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно како единствен политички претставник на македонската угнетена класа.
За идните избори, и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.