Левица ја деманитира веста: „Апасиев прави кворум за да се изгласа Кацарска за уставен судија и законот за ‘Макпетрол’ и Телма“!
Најостро ги демантираме лагите пренесени и изнесени на вашиот портал во т.н. вест со наслов: „ Апасиев прави кворум за да се изгласа Кацарска за уставен судија и законот за ‘Макпетрол’ и Телма“.
Како прво, од нашата последна објава на главниот пејџ на Левица, кадешто има видео на кое има обраќање и расправа помеѓу нашиот пратеник, Димитар Апасиев и спикерот, Талат Џафери, може да се утврди дека, после оваа вербална расправија, нашите пратеници ја напуштија салата, по што не се ни вратија.
Потенцираме дека, обраќањето на нашиот пратеник, Апасиев се случи околу 13:30 часот попладне, а гласањето на Кацарска, како и законот за „Макпетрол“ и Телма, се случиле пред 16ч. Како прво, тоа се различни седници. Нашите пратеници присуствуваа само на првата, односно на утврдувањето на Дневниот ред од истата, така што, оттука, со вашите лажни вести предизвикувате замајување на јавноста и ширење на дезинформации.
Ве замолуваме да се придржувате до правилата и законите, така што овој ДЕМАНТ, ќе го објавите во истата вест (на следниот линк https://republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-pravi-kvorum-za-da-se-izglasa-kacarska-za-ustaven-sudija-i-zakonot-za-makpetrol-vazen-za-telma/), која е демантирана од наша страна, велат од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.