Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО. Како што соопшти, денеска е усвоен нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Македонија кон Алијансата.

НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно. Пристапувањето на Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност, рече Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт-законот во Саима.
Оваа информација на твитер ја објави и Мисијата на Летонија во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.