Додека државата се задолжува до степен на должничко ропство, Никола Спасов, сопственик на агенцијата Рејтинг и син на поранешниот генсек на СДСМ Ѓорѓи Спасов, во време на криза добил 93.000 евра за фамозни консултански услуги, објави на Фејсбук Ленка, Движење за социјална правда.
„Покрај фактот што се работи за агенција блиска до власта која во јавноста пушта анкети за да креира мислење во корист на СДС, Никола Спасов е познат како единствен претставник на Балканов за фирмата „Кембриџ Аналитика”, која стана позната по скандалот за злоупотреба на лични податоци на 50 милиони корисници. За овој скандал беше иницирана и тужба против Фејсбук. Очигледно и ваквите компромитирани кадри на СДС и во време на криза профитираат од коруптивните зделки со власта!, реагира „Ленка“ на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.