Од Движењето за социјална правда „Ленка” реагираа во однос на најновиот скандал дека македонски пасоши биле делени на нарко-босови. Од Ленка објавија дека со турскиот криминалец Седат Пекер биле сликани и градоначалникот на Маврово и Ростуше – Медат Куртовски, како и Сефер Цаноски. На Седат Пекер МВР му издало македонски пасош со украден идентитет на лицето Џадин Амедовски.

Министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски, за издадените пасоши на еден куп белосветски криминалци, наместо вината да ја бара во опозицијата, нека се позанимава со бившите и сегашни функционерите со кои неговата партија СДСМ ја дели власта: СЕДАТ ПЕКЕР, на кого МВР му издало македонски пасош со украден идентитет на лицето Џадин Амедовски во Македонија, иако осуден во Турција како и протеран од земјава, тој беше почесен гостин токму на највисоките функционери од коалиционите партнери на СДСМ.

Која и каква е улогата на следниве коалициоани партнери на СДСМ, кои во изминатиов период не само што се среќаваа со контроверзниот Пекер, туку беа и негови домаќини во Македонија?

– МУНИР КОЛАШИНАЦ, кој беше кандидат за пратеник во ИЕ2 токму во коалицијата на СДСМ, кој може да го видете како заедно со ЕНЕС ИБРАХИМ, претседателот на ТХП и пратеник во Собранието, кој исто така е коалиционен партнер на Спасовски и Заев во власта.

Освен со овие двајца, исто така еден од оние кои оствариле средба со Седат Пекер се и СЕФЕР ЦАНОСКИ како коалиционен партнер на СДСМ, како и градоначалникот на општината Маврово и Ростуше од редовите на СДСМ – МЕДАТ КУРТОВСКИ! А ништо помалку не се спорни и илјадниците државјанства кои МВР ги има издадено на Албанци последниве години, за кои впрочем пред скоро време се пофали и Заменик министерот за правда, Агим Нухиу!

На јавноста ѝ е совршено јасно дека организаторите на криминалот и корупцијата се во врвот на власта, впрочем тоа се покажа и во случајот со наркобосовите од Грчец, акција која беше „пробиена“ додека во јавноста се појавија слики на осомничените нарко-босови кои се во бегство, заедно со Зоран Заев, Оливер Спасовски, како и со претседателот на Републиката, Стево Пендаровски.”, реагираа од Ленка.

МИНИСТЕРОТ (МВР) СПАСОВСКИ НАМЕСТО ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ОПОЗИЦИЈАТА, НЕКА СИ ГИ ПРОЧЕШЛА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ОД КОАЛИЦИЈАТА СО…

Posted by Ленка on Wednesday, 7 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.