Лекови кои не се докажани дека помагаат, не се препорачуваат за лекување на болни од ковид-19 изјави денеска Венко Филипче, министерот за здравство на прес-конфренција.

Матичнот лекар, посочи министерот, прави проценка на здравствената состојба индицира одредени анализи, преглед секако и врз основа на состојбата на пациентот препишува терапија.

До овој момент нема специфична терапија за Ковид-19 никаде во светот. Нема ниту еден лек кој е потврден да биде специфичен за оваа болест. За лекот „Фавипиравир“ се водат близу 30 студии во светот. Лекот „ремдесивирот“ е неспецифичен за оваа болест, но има одредени докази дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, не на преживување. Во смисла на тоа целокупната терапија се препишува и за тоа матичните лекари имаат насоки согласно состојбата, клиничката слика, прегледите, а доколку се укаже или се индицира потреба пациентите се упатуваат во болниците, рече Филипче.

Во болничките установи, потенцира министерот, станува збор за една организирана и координирана работа во смисла на споделување информации меѓу сите институции во однос на пристапот кон пациентот.

Но, тоа што има пациенти кои имаат многу широка лепеза, огромен број на манифестации на болеста во смисла на различна клиника слика, сепак остава простор за еден пристап, што значи лекување според клиничката слика односно манифестацијата. Типот на лекување зависи од практично секојдневните анализи што многу често се менуваат и секој следен ден, па зависно од тоа се менува и терапијата и дозите и типот на лекови итн. Така што во таа смисла апсолутно се координирани нашите лекари, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.