Во македонските аптеки неделава ќе биде достапен лекот Фавира или Фавимол, со генеричко име Фавипивир, за кој Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност за лекување на пациентите.
Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид-19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на Фавипивир за крајните корисници-пациентите – велат од Малмед.
Пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар.
Лекот не е одобрен за индикација на лечење на Ковид-19, па во таа насока, стручните лица апелираат, пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување и без препорака од лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.