Големи се шансите лекот „фавипиравир“ наскоро да се најде и во македонските аптеки, објавува „Плусинфо“. Во тек е комуникација меѓу надлежните институции, за да се утврдат протоколите, односно начинот на употреба на овој лек, кој сега најчесто се увезува од Турција под името „Фавира“.

Во моментов, лекот во Македонија се шверцува од Косово. Зависно од количествата кои се набавуваат, цената за една доза на Косово се движи од 70 до 100 евра.

Лекот помага при лекување на ковид-19, особено во раната фаза на болеста. Пред неколку месеци, македонската влада побара и доби извесно количество од овој лек како донација од Јапонската амбасада. Тоа го објави лично министерот Филипче. За жал, тоа количество беше премало.

Лекот е ефикасен во раната фаза на болеста, на самиот почеток. И тие кои пијат шверцувани дози, така ги пијат. Во раната, па и во подоцнежните фази на болеста, кај нас пациентите ги лечат матичните лекари, понекогаш во консултација со инфектолог или со лекари од други специјалности. Пожелно е лекот да се издава на лекарски рецепт во аптеките, како што е тоа во Босна и Херцеговина, на пример. Инаку, изворно, фавипиравирот е лек за ебола, но надлежните институции би требало да утврдат протокол за користење на лекот за ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.