Лекари не веруваат во постоење на коронавирусот и не ги праќаат пациентите на тестирања за Ковид-19. Ова со загриженост го констатира Лекарската комора на Македонија која преку соопштение информираше дека еден дел од лекарите се однесуваат спротивно на официјалните протоколи, медицината базирана на докази и кодексот на медицинската деонтологија.
Овие колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори, со што се зголемува ризикот од ширење на инфекцијата, се наведува во соопштението од Лекарската комора на Македонија.
Некои од лекарите дури и јавно на своите профили на социјалните мрежи објавувале дека коронавирусот не постои, што е документирано од страна на Комората.
За ваквотот прекршување на лекарскиот кодекс што можеби довело и до смртни случи Лекарската комора велат дека за понатамошно постапување прво ќе почекаат одговор Министерството за здравство и Комисијата за здравство.
Од Лекарската комора, од лекарите кои не веруваат во коронавирсот, бараат да ги остават на страна личните убедувања и да постапуваат според препораките на СЗО и здравствените власти во земјава.
Бараме од сите вас да си ја исполните својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика и деонтологија!, бара Лекарската комора од сојата фела.
Сè друго, наведуваат од Комората, го руши уледот на лекарската фела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.