Докторка дошла на Гинеколошко акушерска клиника (ГАК) во Скопје во деветти месец од бременоста, без да им каже на колегите и на жените со кои лежела заедно в болничка соба, дека во семејството има позитивен на ковид-19. Откако вработените разбрале, таа ја напуштила Клиниката и отишла во приватна клиника да се пораѓа. И таму не кажала дека има позитивен на ковид-19 во семејството, пишува „Слободен печат“.
Докторката била примена без никакви симптоми, а на клиниката се расчуло, сосема случајно, дека таа во фамилијата има позитивен случај на ковид 19. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш лекарката не сакала да се тестира. На своја одговорност потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во приватна клиника да се породи. И таму ништо не кажала, била оперирана со царски рез и потоа се појавиле симптомите и се дознало дека и таа има коронавирус. Но, било предоцна и дел од медицинскиот персонал во клиниката исто така морал да оди во изолација. Докторката била префрлена на Инфективната клиника. Двете жени што со неа биле во соба на ГАК, ќе се тестираат следната недела.
извор: Слободен печат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.