Двајца педијатри од скопската Kлиника за педијатрија ќе бидат пратени на работа во детското одделение во Охрид кое моментално функционира како дневна амбуланта со скратено работно време поради големиот недостиг од педијатри.
Распоредот на ротација ќе се направи откако ќе се изгласа измената на Законот за здравствена заштита со кој се овозможува лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Но дефицитот на кадар освен на Педијатрија е присутен во повеќето одделенија и во охридската болница и во сите останати во регионот.
Проблемот конкретно со педијатрија е поради слабиот интерес кај младите лекари да специјализираат во оваа гранка.
Повеќе од една деценија не дошол специјализант педијатар во охридската болница. Во моментот има две специјализантки, но тие во најдобар случај ќе дојдат за четири до пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.