Лекар-специјалист од Кавадарци е новиот позитивен случај на Ковид-19 кај здравствените работици, потврди за МИА утрово Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Лекарот немал симптоми, а се работи на утврдување на неговите контакти и нивна превентивна изолација.

Според Министерството за здравство во Градската општа болница „8 Септември” тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи и пет болничари се заразени со коронавирус.

На Клиниката за инфективни болести заразени се двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.

Досега се пристигнати околу 60 здравствени работници од други клиники и градови за да им помогнат на колегите во двете главни болнички установи во борбата со Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.