Точната бројка на заболени здравствени работници во текот на вчерашниот ден беше 17, но повеќето од нив не биле свесни дека биле во контакт со заболен, соопшти на денешната прес-конференција Венко Филипче. Тој додаде дека ниеден од вработените на Инфективната клиника не е заболен, зошто се следат сите здравствени протоколи.
За лекарот кој вчера на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми, додаде дека во моментот се тестира. Станува збор за член на резервниот тим на Клиниката за кардиологија и дека се прават сите анализи и анкети со лица кои биле во контакт со овој здравствен работник.
Доколку се установи дека некој се појавил свесен дека има симптоми ќе следат санкции, порача Филипче.
Додаде дека во Кардиологија продолжи со работа по целосна дезинфекција, а дека лекарот бил целосно заштитен кога бил во контакт со пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.