На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека законот за попис на населението е ад хок закон без јасни дефиниции, без јасна методологија и на многу места е недоречен.

Пред нас го имаме законот за попис на населението, домаќинствата и становите и како што рековме станува збор за една многу значајна статистичка операција, попис на населението и токму од оваа потреба и донесувањето на овој закон. Станува збор за донесување на еден ад хок закон, закон кој што ќе се применува токму за оваа статистичка операција а владејачкото мнозинство намерно или случајно дали со некоја умисла или не го остава без јасни дефиниции, го остава без методологија и го остава недоречен на многу места во самиот закон. Апсурдно е кога имаме еден закон кој што е точно предвиден и наменски и се донесува за спроведување на пописот за кој што сите овде се согласуваме дека е зачајна статистичка операција, да го оставиме и да не одговориме и законот да нема поимник и во поимникот да не се наведени основните работи кои што се предвидени и се влезени и според препораките на конференцијата на евроспките статистичари – нагласи Лефков.

Пратеникот Лефков додаде и дека во самиот закон има многу нејаснотии и нема дефиниции во кои што се објаснува што е живеалиште, што е постојано живеалиште и не се прави разлика помеѓу резидентно и нерезидентно население.

Основните забелешки се дека ги немаме дефинициите во кои што пишува што е живеалиште, што е постојано живеалиште и не правиме разлика помеѓу резидентно и нерезидентно население. И што се случува овде во собранието добивме спинување, односно добивме дискусија за тоа колку се важни иселениците колку е важен нивниот допринос. Меѓутоа не е воопшто спорно дека лицата кои што се иселени од Македонија се важни за нашата економија. Станува збор за нешто друго, лицата кои што не се резиднти во Македонија токму власта треба да им се извини затоа што има намера да ги попише на овој начин. Знаете дека има населени места во Истокот кои што се празни а со ваков закон за попис тие ќе бидат попишани како резидентно население, односно нема да се прави разлика дали се во државата или се надвор од неа. Подоцна кога ќе се споредат со базите кои што се наведени во членот 5 ќе излезе дека имаме лица кои што не следат основно образование, не следат средно образование и така натаму – заклучи Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.