Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето гостување емисијата „24 Анализа“ зборуваше за додавање на етничката припадност во личната карта и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од овој закон за лични карти кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново Уставно име.
Личната карта претставува еден вид на внатрешен пасош. Сето она кое што се случи односно во ситуацијата во која Зоран Заев и неговата надворешна политика го стави македонскиот народ во една нерамноправна положба затоа што според Преспанскиот Договор е утврдено државјанството да биде Македонец/Граѓанин на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ овој закон го услови со еден амандман. Единствениот амандман кои ние го поднесовме е на предлог законот е да се избрише членот 6 кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново име. Самиот амандман е оправдан затоа што тој рок е предвиден во уставниот закон за усогласување кој што дава преоден рок од 5 години. Тоа е нашето условување да го поддржиме овој закон. Не е вообичаено да биде внесена етничката припадност во лична карта меѓутоа кога треба ние да имаме една дивоградба кој се викаат граѓани на Македонија и сега имаме прилика во личната карта на секој Македонец да пишува дека е Македонец, да ние ќе ја дадеме нашата поддршка, рече пратеникот Лефков во своето гостување.
Понатаму Лефков во своето гостување говореше и за ситуацијата во државата и истакна дека најголем непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање државата има пад на сите полиња.
Прашањето беше дека Македонците вработуваат само Македонци, Албанците вработуваат само Албанци, но институциите треба да вработуваат, а власта ги влече граѓаните по партиски штабови да се ажурираат. Министерот за внатрешни оди по градовите и го прави тоа. Имаме целосна партизација на државата затоа сме на 111 место според Транспаренси Интернешнл и затоа се најкорупмирана држава. И ајде признајте дека нема ништо друго поважно во личната карта на Македонец да пишува освен Македонец, а понатаму треба да ги средиме институциите за да не се влечат граѓаните во штабови и да ни бидат партизирани институциите и целата држава. Единствен непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање имаме пад на сите полиња во држава, истакна Лефков во своето гостување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.