Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, изјави дека ако се анализираат резултатите од изборите може да се заклучи дека целосно е делегитимирана владата на Зоран Заев, што значи дека тие немаат никаков кредибилитет да управуваат со државата.

Лефков истакна дека локалните избори биле референдумско изјаснување на граѓаните, додавајќи дека оваа влада е завршена работа, како и тоа дека на Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

Денеска ги видовме реакциите на Хоџа, ја видовме и оставката на Мила Царовска, видовме дека онаа црна кампања и она вложување на Зоран Заев на начинот на којшто настапи особено во првиот и вториот круг и начинот на којшто ја водеше државата изминатиот период придонесе овие локални избори да бидат едно референдумско изјаснување.

 

Оваа влада е завршена работа и ние не се откажуваме. Најдобро решение за Македонија во овој момент ќе бидат брзи предвремени парламентарни избори, затоа што досега имавме едно нефункционално собрание – објасни Лефков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.