Владејачкото мнозинство не можеше да се собере и сега по цел месец кога едвај се собраа Зоран Заев побара гласање за недоверба. И што направи го покри новото задолжување од 700 милиони евра, нова еврообврзница, потоа колку задолжувања има и во собраниска процедура, Закон за енергетска ефикасност задолжување од над 20 милиони евра задолжување, за задолжување за реформа во основно образование 21 милион, за автобусите 70 милиони и многу други, и сето тоа пред локални избори. Што мисли власта дека со гласање за доверба ќе се покрие тоа што нема вакцини, мислите ќе го покриете катастрофалниот попис, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.
Лефков рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе Предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис затоа што беше донесен во целосно нетранспарентна постапка.
Ние имавме суштински предлози, ама го предложија со европско знаменце, а тоа оди на брза лента. Затоа ние тргнавме и со собирање на пописот и кажавме дека имаме сомнежи и еве веќе првите денови од пописот се гледаат пропусти, дијаспората реагира. Се организира еден попис кој власта сака да го протурка на мала врата. Се направи без кампања, не знаат како да ја користат ислениците апликацијата, самата апликација нема чекори за верификација, рече Лефков.
Според Лефков треба да се изработи еден солиден текст на закон за попис и да спроведе кредибилен попис.
Проблем е и спроведување на пописот во пандемија. Колку се држави го одложија пописот. Ние немаме ни вакцини, барем попишувачите да се вакцинираа, вели Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.