Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во интервју за Слободен печат во „Утрински брифинг“, истакна дека предложената резолуција е акт кој ќе ги потцрта македонските црвени линии, а ќе се заштитиме од непринципиелни политики во меѓународните односи на штета на македонскиот народ, а се надева дека СДСМ ќе го испочитуваат кажаното и ќе ја поддржат истата во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време зборува дека е потребно да се донесе ваква резолуција во Собранието, односно да се донесе некој акт кој ќе биде задолжителен за Владата и за Министерството за надворешни работи и за сите други институции кои имаат допир со меѓународните односи, истакна пратеникот.
Со оваа резолуција, вели Лефков, нема да се остави меѓународните односи да се градат на непринципиелни основи, и потребен е опш консензус во врска со нашите најзначајни прашања.
Се надеваме дека СДСМ ќе си останат доследни на нивниот став за поддржување на оваа резолуција, се надевам дека нема да се соочиме со пречки или со некои трикови во Собранието, во текот на вчерашниот ден имаше средби со парламентарните партии, денеска тие средби ќе продолжат, за да може да се усогласат до крај позициите и во најкраток рок да се донесе во Собранието со што ќе се зацртаат македонските црвени линии, истакна Лефков.
Тој вели исто така дека резолуцијата е добар начин да се заштитиме од непринципиелни политики како и од дневно политички препукувања на овие теми.
Comments are closed for this post.