Власта потфрли на секое поле. Има проблеми во здравството, во образованието, инфлација. Граѓаните бараат нова надеж, поради тоа се такви резултатите на изборите. Не можеме да дозволиме да кажеме дека ова што ни се случува денеска во Македонија е најдоброто, смета пратеникот од ВМРО-ДПНЕ Мите Лефков. Според него, крајно арогантно е што власта им се обраќа на луѓето кои буквално се борат за егзистенција со зборовите дека е најдоброто за нив.

Ни се случува инфлаторен шок, што впрочем го призна и на Народната банка. Гувернерката соопшти дека имаме умерена инфлација. Токму таа инфлација е подгреана од лошото раководење на економијата од страна на економскиот тим на Владата, истакна Лефков во утринска програма на Алфа телевизија.

Тој зборуваше и за смртноста во пандемијата.

И ако погледнете добро ќе видите дека нашиот индекс од 19.1 е за 5-6 бројки повисок од второрангираната земја, нагласи Лефков.

Лефков потсети и на состојбите во образованието.

Децата немаат учебници или во едно одделение се служат со различни учебници. Има 6 изданија од еден учебник, 10 изданија од друг учебник. За тоа е виновна министерката за образование, Мила Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.