Целта на Законот за изградба на новиот Клинички центар е да се смени начинот на јавна набавка, да се суспендираат 4 закони и Филипче без никаква одговорност за него да може да потроши 500 милиони евра народни пари, вели Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Лефков појасни дека и покрај обвинувањата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи изградбата на новиот клинички, сепак вистината е дека Законот за новиот Клинички не е закон за изградба на нов Универзитетски Клинички центар, не предвидува финансирање, туку предвидува суспендирање на 4 други закони.
Велеа дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи изградбата на новиот Клинички центар. Но од “шумата не се гледа дрвото“. Ако се погледне законскиот текст, во членот 1 став два стои „ако со овој закон не е поинаку уредено се применуваат Закон за јавни набавки, Закон за урбанистичко планирање, Закон за градење и Закон за општоуправна постапка“. Во членот 5 став 2 вели „министерство за здравство како договорен орган ги спроведува постапките за јавни набавки за стоки услуги и работи за реализација на проектот согласно Закон за јавни набавки, освен ако поинаку не е уредено со овој закон.“ Фактички Законот за новиот Клинички не е закон закон за изградба на нов Универзитетски Клинички центар, не предвидува финансирање, туку предвидува суспендирање на 4 други закони. Со тој закон се предвидува дека за министерот за здравство Венко Филипче, нема да тие закони – потенцира Лефков.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ не ја кочи изградбата на Клинички центар, туку дека не постои член на парламент никаде во светот кој ќе гаса суспендирање на 4 закони за министер да може да троши 500 милиони евра народни пари.
Замислете да се носат закони за секој ваков проект. Овие закони да важат за сите освен за министерот Филипче. Каде е логиката дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи Клиничкиот центар? Нека покажат еден член на Парламент од цел свет кој ќе гласа за Закон со кој се суспендираат 4 други закони. Од каде е потребата да суспендираат 4 закони? Тоа нека го одговорат пред македонската јавност – вели Лефков.
Тој нагласи дека бидејќи најлесно на владата и одговорноста да ја префрли кај пратениците кои се жив ѕид и топовско месо за министрите на Заев, нема да им биде проблем да го изгласаат ова иако е надвор од правно и здраворазумско размислување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.