Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа истакна дека додека цела Европа влегува во процес на вакцинирање ние во Македонија чекаме и просиме вакцини.

Како што предупреди Лефков, со ова темпо со кои стигнуваат вакцините, не се знае дали за една декада ќе се вакцининираме како држава.

Не знам како Заев си зеде за слобода пред цела јавност да вели дека немаме вакцини затоа што сме западно и НАТО ориентирани. Тоа е најантиНАТО и најконтраевропска изјава. Сето тоа се должи на нивната нестручност. Еве гледате дека администрацијата на Вучиќ ја истерала цела постапка да дојдат кај нас вакцините. Која е улогата на Филипче и што работи – вели Лефков.

Тој додаде дека Филипче „блесна“ кога ги учеа граѓаните како се мијат раце и даваа некои други совети на телевизија со маратонски прес конференции, а кога дојде до вакцините се смени целата ситуација.

Се сеќавате на неговата изјава од први јануари дека од „Фајзер“ го замолиле да не кажува колку вакцини ќе стигнат. Годината ја почнаа со лаги и така продолжија. Видовме како се врааќаа аванси и фиктивно се бројат вакцините. Затоа доаѓаат вакви смешни предлози за полициски час од 22 до 5 наутро кој нема да предизвика ништо друго освен комични коментари – изјави Лефков.

Пратеникот нагласи дека секој што гласал за доверба на владата на Заев сега ќе биде одговорен и за третиот бран на корона вирусот и за немањето на вакцини.

Според Лефков власта затоа и одбива да ја стави во Собрание на дневен ред точката за предлог-законот за измена на законот за заштита од заразни болести во кој ВМРО-ДПМНЕ предвидува формирање нова професионална комисија за заразни болести, затоа што оваа сегашната, како што истакна, служи за дневно-политичките интереси на Заев и Филипче



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.