Либералдемократската партија на локалните избори нема да настапи во коалиција со СДСМ, туку самостојно, објави денеска претседателот на партијата и министер за локлна самоуправа Горан Милевски.
Подолго време се подготвувавме за самостоен настап на локални избори. Сакавме да дадеме тежина на самостоен настап затоа што 5 изборни циклуси одевме во коалиции. Сакаме да ги демантираме шпекулациите дека ова е за подигнување на цената во коалицијата. Да ја зголемиме политичката понуда. Коалиција се прави само кога имаме враќање на деммократија, затоа во 2014, но и 2016 година одевме заедно, мораше да се руши систем кој не беше можно да се турне ако сме разединети. Доволно се направија реформи, па сметаме дека сите треба да ги понудат сите програми. Граѓаните треба да имаат либерална опција. Граѓаните ќе имаат поширок спектар за избор. На последните избори имаше многу мал одзив. Коректни ни се релациите со СДСМ, рече Милевски во утриснкото гостување во „Студио 10“ на ТВ24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.