Претседателите на ЛДП и ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин потпишаа договор за заеднички настап на претстојните локални избори, а коалицијата на двете политички партии ќе се вика „Одлучно за промени“.
Движењето „Одлучно за промени“ ќе настапи на претстојните локални избори, напиша Милевски на својата страница на Фејсбук. Тој додаде дека коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што според него „движењето одлучно се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена“.
Милевски претходно најави дека коалицијата утре ќе го соопшти својот кандидат за градоначалник на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.