Пратениците од ЛДП и ДОМ ќе предложат законски измени за регулирање на производството на криптовалути.

Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци, велат од партиите.

Според нив бидејќи криптовалутите се прогласени за неприфатливи за животната средина и затоа дополнително ќе бараат и законска регулација бидејќи употребата на струја од фосилни горива како што е случајот во моментот ја загадува животната средина.

Ќе ја консултираме стручната фела и најдоцна за една недела ќе побараме регулација и ќе доставиме законски измени, дополнуваат од ЛДП и ДОМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.