Италијанскиот новинар и писател, Томасо Дебенедети е креаторот на лажниот профил на претседателот Ѓорге Иванов. Дебенедети преку креирање на лажни профили на светски лидери се обидува да покаже дека социјалните мрежи не се релевантен извор на информации и јавноста треба да се информира преку традиционалните медиумски извори во кои сите факти треба да се проверени.
Предходно Дебенедети преку профил на вториот човек во католичката црква објави смрт на папата, а излажа и за смртта на Фидел Кастро и Педро Алмодовар.
Дебенедети, кој работи како учител во Рим, предходно преку лажни профили говорел во името на Хамид Карзаи, Башар Ал Асад и други светски политичари.
Италијанските медиуми воопшто не ги проверуваат фактите, вели Дебенедети кој денеска откри дека тој стои зад лажниот профил на Иванов откако шведскиот амбасадор во Скопје Матс Стафансон ја поздрави наводната информација за средба меѓу Иванов и Павлопулос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.