Лажната грижа на СДСМ може секој граѓанин да ја прочита, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека СДСМ наместо да помогне на граѓаните и стопанството приредува циркуси.
СДСМ не дозволи да се стави на дневен ред законот за економска помош во четвртокот, за да донесе заболени пратеници од КОВИД-19 во Собрание. И без заболените пратеници од КОВИД-19 ќе беше изгласана помошта, но на Заев му е важен циркусот, затоа компаниите и граѓаните чекаа два месеци.
Поради несериозниот пристап на владејачкото мнозинство, најголема штета трпат граѓаните кои со месеци очекуваат помош од државата. Поради криминогената власт и владејачкото мнозинство економијата е клекната на колена, многу семејства останаа без работа, а оние кои што се уште се на работните места немаат извор на примања поради немањето средства и поради тоа што нивните газди немаа државна помош.
Ако власта на Заев беше чесна мерките за петтиот пакет ќе беа изгласани во четвртокот. Уште еднаш Заев и СДСМ докажаа дека криминалот е пред интересите на граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.