Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања изјави дека власта е најголем произведувач на лажни вести.
Милошоски наброи дека Владата преку соопштение дала лажна вест кога известила дека Зоран Заев и Доналд Трамп оствариле средба, а всушност се работело за куртоазно ракување. Исто така лажна вест било кога изјавил дека Фејсбук и Гугл ќе инвестираат во Македонија, а никаде ги нема, рече Милошоски.
Претходно Милошоски истакна дека советникот на Заев, Љупчо Зафировски немал никаква врска со Франција и оти тука бил ангажиран за да помага на фирмите на Заеви за извоз на производи.
Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага да извезуваат прехранбени производи во Србија. Затоа ја крие неговата биографија – рече Милошоски додавајќи дека не е задоволен од одговорот на премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.