Лажна вест е дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев набавувал скапи телефони

Македонија 12.05.2020 / 10:12

Лажна вест е дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев набавувал скапи телефони, тоа е обид да се прикријат неправилности и сомнежи за криминал од Оливер Спасовски.

Споделувањето на лажни вести стана навика на провладините портали кои диригирани од еден центар на моќ и споделуваат лажни информации со цел дефокусирање на граѓаните од лошите политики кои владата предводена од Оливер Спасовски ги креира целиот изминат период.

Неколку портали во текот на вчерашниот ден избрзаа да објават вест дека Министерот Чулев набавил телефони во вредност од 170 илјади денари. Оваа вест експресно беше демантирана од страна на Министерството за внатрешни работи, но тие заборавија во веста да споменат за криминалите кои Оливер Спасовски ги направил додека бил Министер за внатрешни работи.

Веројатно милионските криминали за набавка на војнички чизми, злоупотребата на постапката за набавка на лични документи и делови за автобили, спорниот тендер за сервисирање и сите овие информации не само што не се демантирани од страна на структурите блиски до власта во Министерството за внатрешни работи, туку за нив веќе има започнато постапки во Основното јавно обвинителство.

Во овој случај се поставува прашањето: Дали криминал е набавка на мобилни телефони кои се земени како субвенции и за кои министерството за внатрешни работи не потрошило ниту денар или набавка на патни исправи во вредност од 12 милиони евра. Дали криминал е спот кој чини 300 евра или пак едно летање на директорот на БЈБ до Охрид кое чини 300 евра. Дали злоупотреба на полициските службеници е „благодарам“ или набавка на чизми кои се неколку нивоа понеквалитетни од оние кои се предвидени со законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.