Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата.
Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.
Лицето И.М. е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, посочуваат од Министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.