Секогаш досега сум бил транспарентен, дури и кога сите молчеле, и во иднина ќе бидам, вели поранешниот разузнавач Ѓорги Лазаревски за „Фактор“, по сведочењето на Зоран Верушевски завчера на рочиштето за Таргет – Тврдина.

Исказот на Верушевски завчера во судот предизвика бура во јавноста, бидејќи тој рече дека бомбите не стигнале прво кај него, туку дека Лазаревски ги носел во тогаш опозициската СДСМ, по што тој само ги анализирал како задолжен за безбедносната политика на партијата. За нивната судбина одлучувале раководствата на социјалдемократите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.