Толку многу скандали, грабежи, афери има што не се памти ни една недела наназад, пишува Драган Павловиќ Латас во неговата колумна Упатство за преговори со ЕУ. Заменик министерот за образование Петар Атанасов, како исклучок, поднесе оставка затоа што министерството фатило пајажина од неработење. Заев му се одмазди со коментарот дека се тргнал затоа што не го ставиле министар, демек суета е во прашање. Но, следеше контрареплика на Атанасов кој изјави дека заминува затоа што се подготвува законска обврска за учење на албански и за сите македонски деца веќе од трето одделение.

За Северџаните тоа е нешто нормално, како и двојазичноста. Важно да се нивните на власт, па макар и во Илирида. За сите останати – нов шок. И, по кусо снимање на ситуацијата стаса демант, тоа била лажна вест. Па веста не ја измислија новинарите, ја пренесоа од функционер на СДСМ. Најпосле, лажни веста беа и Северна, и двојазичноста и бугаризацијата на историјата… па на крај гледаме што е вистина.

Заев и Пендаровски се тркаат кој повеќе ќе и учини на Тирана, и врз таа политика темелат владеење и грабеж, и се надеваат на прошка од наркодилерите во Грчец и Арачиново кои им носат гласови но, мораат да ги апсат затоа што тоа го бара американската ДЕА, а се плашат од нивната дилерска одмазда.

Целата колумна може да ја прочитате тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.