Почна пописот, ама кој мисли на него?! И онака многумина се убедени дека и тој е дел од Тиранската платформа која треба да покаже, по секоја цена, дека Албанците во Македонија се помеѓу 25 и 30%. Дека ваквиот попис е уште едно враќање долг од Заев и СДСМ кон Албанците кои ги донесоа на власт без победа на избори.
А Албанците се трудат да го докажат ова. Според министрите од ДУИ на пописот, како македонски граѓани, ќе се попишуваат и Албанци кои не се ни родени во Македонија, ниту имаат стекнато државјанство. Ѓутуре. Меѓуетничките односи се на црвено ниво.
Но, ако Македонците го бојкотираат пописот, што добиваат, а што губат?
Со бојкот уште повеќе ќе се зголеми вештачкиот удел на Албанци во населението на Македонија. Па така, од планираните, проектирани 26-28% според Тиранската платформа, ќе партиципираат и со 30%. И, што ќар имаат Македонците од тој бојкот?
Приказните дека со бојкот ќе се одземе легитимитет на пописот се приказни за Шведска. Таму, можеби, постои легитимитет во политиката. Од 2017-та, со преземањето на власт без победа на избори и без кворум во Собрание, со прифаќањето странска, Тиранска платформа за концепт на македонска држава, легитимитет и етика тука веќе нема.
Просто, таа бројка ќе стане званична, владата и амбасадите ќе го пофалат пописот и ќе му дадат меѓународен легитимитет, а потоа Албанците ќе бараат, и добијат, нови вработувања во државната администрација и се што следи во раководење на судство, царина, војска, полиција… Толку ќе биде од бојкотот.
Кловновите од Левица се најактивни во повикување на бојкот, ама никако да објаснат, конкретно и со факти, што се последици од таквиот бојкот. Важно они да лупаат глупости и да бидат против се и сешто, па некој ќе се налепи и ќе гласа за нив. Колку е некој помалку политички писмен, толку е повеќе кандидат за гласач на Левица.
Левица, која легитимираше избор на власт без записник и кворум во Собрание, Апаисев кој беше на плата во СЈО, неуставна институција, немаат појма што е легитимитет.
Да сакаа нешто конкретно, шарениот Апасиев и неговите досега имаа време да се обратат до Уставниот, па и до Врховниот суд, и да бараат отфрлање овој процес за попис кој дава можност да се попишуваат како македонски граѓани лица кои не ги исполнуваат условите ниту по домашното, ниту по меѓународното право. Но, шарените кловнови од Левица тоа не го прават. Само бојкотираат. Да не му се замерат на Заев и Тиранската платформа.
Она што е итно потребно е да дојде, колку е можно поскоро, до промена на власта и нов попис, според европски стандарди кои се суштински спротивни на сегашниот попис. Најпосле, Македонија како кандидат за преговори со ЕУ, има обврска кон тие стандарди.
Ама, кој да мисли на пописот во оваа лавина од скандали, корупција и секојдневно уривање на државниот систем и институциите на државата.
Само што почна школска година се појавија масовни зарази со Ковид 19 и по школите. Министерката Мила Цароска тврди се е под контрола. Таа е Мис Корупција чиј партнер Горан Георгиев добива тендери, и тоа откако Мис Мила Корупција се посипа со пепел и повлече изјава дека во Фондот за пензиско, воден од ДУИ, фалат 18 милиони евра.
Се е под контрола… тврди и извршителот на Зоран Заев, министерот Венко Филипче. Оној што вети дека во 2019-та ќе се отвори клиничката болница во Штип, еден од проектите почнат од ВМРО ДПМНЕ кој е упропастен под оваа власт на СДСМ и ДУИ.
А Венко Филипче е одговорно лице за здравство во држава која е во светскиот врв според смртност од Ковид 19. Држава во која умираат три пати повеќе, или 300% повеќе, отколку во Србија и други земји од регионот, за Европа збор не станува. И никој нема намера да го смени од таму. Се е под контрола, а најмногу под контрола им е Филипче. Иако повеќе од 6.000 лица починаа од Ковид во неговиот здравствен систем, и во неговиот мандат.
Во здравствениот систем на Филипче, до сега, починаа од Ковид скоро 3.000 лица на милион жители! Во Албанија починаа 870, а во Србија 840 лица на милион жители! Според смртност, Македонија е на 4-то место од сите 200 држави во светот, а Филипче и Заев се се уште тука каде што се. И Македонија ќути. Македонија трпи. Македонија ќе гласа. Па да има грам памет во државава Заев и Филипче, само заради ова, не би требало да добијат ниту еден единствен глас на изборите, освен купените.
А за избориве СДСМ плаќа билборди, иако кампањата законски не е ни почната, со кои тврди дека тие, СДСМ биле за вакцинација а ВМРО ДПМНЕ биле – антиваксери. Блам. Кај “ваксерите“ Заев и Манулаќ, во Струмица, вакцинирани се само 32%. Полоши од Струмица се само во Дебар и Гостивар. Во вмровско Кавадарци има 61% вакцинирани.
Не така одамна, кога цела Европа се вакцинираше, Македонија со Заев и Филипче, немаше купено ниту една единствена вакцина. Мицкоски, од ВМРО ДПМНЕ, одеше во Србија да моли од Вучиќ да добиеме вакцинација таму, а вакцини овде, и ги добивме. Не е тоа заслуга ни на Заев ни на Филипче, напротив. Во тоа време Заев тврдеше дека Вучиќ е последниот диктатор на Балканот, а Филипче беше заузет со градење куќа во Нерези.
Како што Мицкоски успеа да донесе и донации од Словенија, Унгарија и Австрија уште на почетокот на Ковид кризата. Без пари, од донации. Немавме ни маски, ни ракавици, ни амбулантни возила, ни респиратори, ни вакцини… нема што немавме. Ги немаме ни денеска, освен вакцините од Кина кои, токму Филипче, Заев и Шеќеринска, ги презираа и отфрлаа бидејќи се од држава која не членка на НАТО.
Па кој е тогаш антиваксер? Тој што пет месеци не набави вакцини ако не се договори провизија од најмалку десет милиони евра. Ги фатија живи во таа корупција, ама за тие пет месеци доцнење, според темпото на смртност, живот загубија околу 1.000 лица кои не доживеаа да бидат вакцинирани како сиот нормален свет. 1.000!
Целата колумна на Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.