Ниеден политичар во Македонија почнувајќи од Кљусев, Киро Глигоров, Љубчо Георгиевски, Бранко, Црвенковски, Хари Костов, па ни Груевски не си отишле од јавна сцена со толку омраза, гнев и презир кон себе како сега Зоран Заев, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа.
Латас истакна дека Заев го презираат и неговите, близу 40% заради тој презир не гласаа за таа партија, а не гласаа ни на конгресот на таа партија.
Позади тој човек стојат преку 200 апсења, растурени фамилии, кој објавува телефонски разговори, порачува судски пресуди, од апелација враќа назад судење, менува судии кои ослободуваат, а тој не може да влезе во Чаир. За марихиана, за порастот на наркоманија, за 3 милијарди долг, за 7.000 починати од корона, кога сите имаа вакцини ние немавме, 45 изгорени, долга е листата на негатива за Зоран Заев, истакна Латас
Тој посочи дека Заев се фали само со НАТО, а тоа го направи со уништена држава, нацијата, културата, иднината за да сочува фотелја.
Позади Заев стои корупција. Тој е единствен кој е омразен од своите, нагласи Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.