Благица Ласовска, Пратеник во Собранието на денешната собраниска седница зборуваше за дополнетиот закон за основно образование каде посочи дека овој закон е дополнет зошто Комисијата за образование одлучила да прифати еден амандман од СДСМ.
-Ние како пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме воздржани само од причина што нашите два амандмани кои беа многу конструктивни, а се со цел да се разреши на некој начин состојбата во основното образование немаше слух кај парламентарното мнозинство и тоа не беа прифатени. Затоа потенцирам дека нашата воздржаност по однос на одредбите на Законот за основно образование е од тие причини. Исто така ќе потсетам дека ние како опозиција со самото тоа што поднесовме само два амандмани ја покажавме нашата конструктивност и висока свесност за состојбите во кои што се наоѓа основното образование, а со гласањето ЗА односно кога гласавме за потребите на овој закон исто така покажавме дека сме свесни во каква состојба се наоѓа основното образование и образованието општо во целина во нашето општество и со тоа ја покажавме нашата конструктивност. Не може да има политички игри, византиски игри во една ваква состојба бидејќи сите ние и нема семејство во Република Македонија кои што не е засегнато од одлуките во образованието, истакна Ласовска.
Таа во своето обраќање посочи дека амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат по однос на тоа дека треба владата да ги обезбеди компјутерите на учениците и интернетот во основните училишта.
-Замислете овој амандман не наиде на прифаќање на нашите колеги од парламентарното мнозинство. Второ беше амандманот дека наместо Владата да одлучува, амандманот вели Владата на предлог на министерот за образование како што впрочем секогаш досега било дури во одредени ситуации и одредени законски решенија на предлог на министерот, на предлог на Бирото за развој на образование независно од што третира членот. Сега ја слушам министерката кога вели дека еден вид на уредба која што владата ќе ја носи, уредба носи само техничка влада или ние сме во вонредна состојба па не знаеме, додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.