Вчера со повлекувањето на Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали за основно и средно образование, победи разумот наспроти ароганцијата на Мила Царовска, истакна Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги искористи сите можни и пред се демократски права кои ги нуди Деловникот на Собранието да го спречи носењето на овој штетен и дискриминаторски закон. И покрај инаетењето и ароганцијата на министерката Мила Царовска како пратеници нема да дозволиме обезличување на идните генерации и експериментирање со најважната категорија на граѓани, а тоа се учениците. Таканаречената реформа, да се менува на ваков радикален начин концептот на учење преку исфрлање на хартиени учебници и сето тоа во време на пандемија кога бројот на ранливи категории на граѓани е огромен, мораше да заврши на ваков начин. Како пратеничка група и покрај повлекувањето на законот, будно ќе ја следиме ситуацијата бидејќи свесни сме дека СДСМ и Мила Царовска можеби повторно тактизираат само за да се повлече иницијативата за референдум која беше покрената од граѓански иницијативи и повторно да го вратат овој закон во Собрание со злоупотреба на европското знаменце. Сакаме да ѝ порачаме на Мила Царовска дека време е да стане свесна за штетните политики кои ги води во овој многу битен ресор и да си даде оставка бидејќи единствено што како министерка покажа е самобендисаност, ароганција и заткулисни игри кои се на штета на нашите деца – рече Ласовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.