Згрозени сме и загрижени од веста објавена во медиумите дека пратеник од СДСМ во текот на вчерашниот ден си ја претепал сопругата, рече Благица Ласовска, Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.
Во ек на 16 дена активизам против родовото насилство, функционери високи од власта тепаат жени.
Власта која лажно промовира родова еднаквост на дело покажува неказнивост за семејно насилство и сексуално малтретирање на работно место.
Пратеничкиот имунитет не смее да биде заштита за тепач на жени и семеен насилник. Ја повикуваме полицијата во најбрз можен рок да го расчисти овој случај и да поднесе соодветна кривична пријава.
Тепањето на жени од страна на функционери на власта ја покажува неказнивоста која мислат дека ја имаат. Ист е и така примерот со сексуалното насилство во станицата во Гази Баба, за која уште нема информации до каде е постапката.
Насилниците врз жени не смеат да останат неказнети. Доколку институциите не постапуваат и се обидуваат да ги спасат функционерите на СДСМ, тие ќе се соочат со кривична одговорност по промената на власта на 12-ти април.
Дополнително ги повикуваме и колешките пратенички на СДСМ да го осудат ова насилство и да побараат одговорност од пратеникот, рече Ласовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.