Пратеничката Благица Ласоска во своето комисиско излагање му порача на претседателот Павле Богоевски дека не станува од место за да го гледа во очи, прашувајќи го големи прашања околу борбата на Шарената револуција, велејќи му дека ги изневерил луѓето кои таму се бореле.

Какво е чувството да ти кажат како да гласаш за да пратиш колега во притвор. За тоа ли беше Шарената револуција, за одмазда ли се бореше?, прашува Ласоска.

Таа го праша дали мисли дека притворот на Димовски не е порачан?

Колегата Љупчо Димовски имаше едно обвинение многу поголемо. Тој не избега кога имаше многу поголемо дело, потенцира Ласоска.

Вели и дека со ова се праќа порака дека кој не гласал за промена на името го чека одмазда.

Се случува најголемото деградирање на пратеничката функција во историјата на Македонија. Кажано ви е дека тука нема да застанете. Ова не е правда, ова е одмазда за оние кои не гласаа за името. Ова е одмазда за опозицијата да биде замолчена, а тоа нема да ви успее.Еве да ви олесниме. Затоа што ви стана навика да одземате имунитети, осум пати за две години, одземете го на сите пратеници. Можеби имате и Голи Оток некаде направено!? Имате ли чувство, имате ли сенс, Павле имате ли човечност. Втор пат за колегата Димовски барате на симнување имунитет. Не знам како можете, како совеста не ве мачи. Оваа твоја клупа, Павле, е осуденичка клупа, опозицијата треба да биде замолчена. Она што го велиш да не стоиме на патот на криминиалот, еве ти кажувам во очи те гледам. Јас сум прва против криминалот. Општо за сите партии, секој што сторил криминал, не од ВМРО, не од СДСМ, не од ДУИ, од сите партии. Ќе одговораат ли, Павле, нема правда нема мир, за кого беше Павле? Нема Павле правда, нема мир. Цела јавност знае кој ќе лежи кој нема да лежи. Ќе кажам, секој што сторил криминал и што украл народни пари да одговара, без разлика од која партија е. Колегата Димовски не беше вака прогонуван кога имаше поголемо обвинение“, изјави меѓудругото во своето обраќање Ласовска, која го почна дека нема да станува на говорница, затоа што сакала да го гледа Богоевски во очи.

Видео ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.