Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М, вели дека примитивен чин е тоа што Зоран Заев покажувал лакт кон кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, а за кое сегашниот градоначалник од СДСМ Петре Шилегов наместо да го осуди, тој се смеел.
Јас сум револтиран со таа гестикулација што ја направил не кон мене, јас сум човек кој што такви навреди истрпил многу во животот и немам никаков проблем да истрпам уште една. Но, таа гестикулација која е срамна бидејќи сте и вие дама, беше упатена кон една друга дама која што е кандидат за градоначалник на Град Скопје нели е тоа примитивно. Еве гледачите што ја гледаат оваа емисија нека судат и нека ценат дали јас сум претерал со мојот говор кога сум го нарекол примитивец или тој со неговиот чин што се детерминирал како примитивец, граѓаните нека оценат, еве јас нема да оценувам, нема да зборувам повеќе на таа тема, нагласи Мицкоски.
Тој навреди дама на отворена сцена и замислете опонентот нејзин најсериозен, актуелниот градоначалник на Скопје наместо да изрази жалење, тој аплаудираше во занос се кикотеше на тоа, небаре имаме некој скеч од Чарли Чаплин на отворена сцена. Ако некој сака од себе да прави комедијант, естраден политичар и да ја претвори македонската политика во естрада тоа е негов проблем, но дозволете ми јас да бидам сериозен и да понудам излез од оваа мочуриште во кое што се наоѓаме, истакна Мицкоски и додаде:
За мене тој чин на покажување на лакт претставува примитивен чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.