Немате причина да се чувствувате разочарано. Одлуката на Советот за општи работи на состанокот во Ликсебург за почеток на пристапните преговори е одложена од технички причини, но имаше многу добра и позитивна енергија и многу министри кажаа многу убави работи за вашата земја. Беше општо прифатено дека Македонија заслужува да започне пристани преговори со ЕУ и искрено се надевам и очекувам дека ваквата одлука ќе стане реалност до крајот на октомври. Во меѓувреме би сакал да ве поттикнам да продолжите да работите на реформите во корист на вашата земја.
Ова го истакна словачкиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров. Запрашан кои земји беа против давање датум за преговори со нашата земја, Лајчак истакна дека ниту една земја за нас не рекла „не“, а одлуката не е донесена, рече, поради внатрешната процедура во Германија.
Немаше ниедна земја членка која што рече „не“ за Македонија. Земјите членки имаа проблем со Албанија и ова е дилема со која мора да размислуваме и да се справиме со неа. Има една резолуција од Холандскиот парламент, која што вели дека тие се против покана за Албанија и мислам дека во овој период до октомври треба да биде искористен од страна на Владата во Тирана да се справи со таквата загриженост која постои во земјите членки во врска со нив. Тие рекоа дека ова не е време за проширување, треба да се фокусираме на Брегзит и на консолидација, но преовладувачкото мнение е дека вашата земја направи одлични нешта со Преспанската спогодба и заврши одлична работа со реформите и сега е наша одговорност да го завршиме нашиот дел од домашната задача и да ви упатиме покана. Очекувам да се материјализира во октомври, рече Лајчак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.