Вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, пред речиси една година, ги обвини медиумите за ширење лажни вести во врска со наводите за незјините средби во домот на сега веќе осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски алијас Боки 13.

На новинарско прашање, на прес конференција одржана на 23 октомври минатата година, што беше темата на разговорот на вечерата со тогаш обвинетите Катица Јанева и Бојан Јовановски, министерката Шекеринска тврдеше дека прашањето е базирано на лага.

Јас како човек кој го почитува правниот систем на оваа држава чекам вистината да ја објават и обвинителството и судските органи, одговори тогаш Шекеринска, замолувајќи го порталот Инфомакс да престане да шири лаги.

Who's that girl?

Gepostet von Богдан Илиевски am Montag, 6. Juli 2020

Но, дека вистината е како шило, на социјалните мрежи денеска, речиси една година подоцна, излезе видео на јутјуб од Боки 13, Катица Јанева и токму Радмила Шеќеринска, кои нели, се познаваат само од телевизија и кои седат на гости кај Боки во комплексот Орман.

За што разговараат можеме да претпоставуваме, но во секој случај, Радмила Шеќеринска седи во друштво на двајца осудени, едниот 9 години, другата 7 години за „Рекет“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.