Ви го пренесуваме во целост текстот на Ларис Гајзер објавен во печатеното издание Ла Верита

Од четвртокот и петокот, Ла Верита стана примарен медиум за информирање на Македонија.
Благодарение на објавувањето на нашите статии и ексклузивната документација што ја стекнавме во врска со системот за изнудување што постои во земјата, нашата страница имаше читаност од повеќе од еден милион македонски граѓани.

До затварањето на нашата трета објава, се гарантира апсолутна вистинитост на дадените информации од протагонистите.

Премиерот Зоран Заев, интервенираше со официјална изјава дека истрагата ќе мора да ги истражи сите факти на вина и ќе треба да се преземе одговорност.

Паралелно, специјалната обвинителка Катица Јанева во пораката напишана од грчките плажи, каде е на годишен одмор, призна дека нејзиниот глас се слуша во снимките, но потенцира дека, во друштво на изнудувачот, таа била на телефон со главниот осомничен само од причини поврзани со службената истрага.

Неколку минути по изјавата на Јанева, нејзината заменичка, Лиле Стефанова, на официјалната веб-страница на специјалното обвинителство побрза да објави дека всушност обвинителката Јанева во минатото имала упатства да се осигура дека на Јордан Камчев, во судскиот случај „Империја“, ќе му биде гарантирана слобода.

 

Јавниот обвинител Јовески по три неделниот молк, а с оглед на тоа што Боки 13 е во затвор како осомничен за изнуда, исто така врз основа на доказите објавени од нас, веднаш побара сите инволвирани страни да бидат повикани да дадат исказ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ како и Алијанса на албанците бараат итен притвор за обвинителката Јанева и оставка на владата.

Всушност, со третиот дел од снимките што ќе ги објавиме денес ќе се бараат дополнителни, сериозни појаснувања.

Во документите кои ги поседуваме голем дел од разговорите помеѓу жртвата на изнуда во случајот „Ракет“ Јордан Камчев и изнудувачот Боки 13, веројатно се одвива во присуство на специјалната обвинителка Катица Јанева, таа на која ЕУ и ја довери задачата да воспостави во земјата владеење на правото и прогон на криминалците.

Покрај ова, второто прашање на кое македонската политика и јавноста сега ќе треба да дадат дефинитивен одговор, преку анализа на телефонска кореспонденција и лични средби, е какви биле вистинските односи меѓу Боки 13 и премиерот Зоран Заев. Боки 13, всушност, во аудиото што ќе го објавиме, постојано ја истакнува својата блискост со премиерот и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка.

Во снимките Јовановски се претставува со надменост и зборува за многу голема мрежа за вакво изнудување во која судиите и политичарите манипулираат со фактите за лична сатисфакција, но пред сè тие си делат десетици милиони евра.

Со оглед на тоа што ова што го објавивме веќе неколку недели е во рацете на обвинителството за борба против криминалот, се надеваме дека предметот ќе биде разгледан сериозно и во најскоро време, заедно со сите други достапни докази.

Во контекст на скандалот со прислушувањето што Македонија ја вознемири пред неколку години, специјалното задолжение и беше доверено на Јанева и всушност беше алатка што ја наложи Европската унија за да ја смири политичката војна меѓу опозицијата и власта.

Сепак, со оглед на тоа дека нејзиното назначување е направено врз основа на политички компромис меѓу тогашниот премиер Никола Груевски и лидерот на опозицијата Заев, сето тоа сугерира дека и двајцата во 2015 година се согласиле за продолжување на настаните.

Благодарение на ангажманот на Јанева, Заев дојде на власт, а Македонија изгуби голем дел од меѓународниот суверенитет принудена да капитулира пред барањата на Грција, додека Груевски, напуштајќи ги своите сограѓани, граѓаните кои веруваа во конзервативната ВМРО-ДМНЕ, си обезбеди бегство и сега е во егзил во странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.