Директорката на царинската управа Славица Кутиров во емисијата 24 анализа истакна дека интерната процедра на царината е дека секторот за внатрешна контрола почнува истрага и сега има постапка за суспендирање на двајцата службеници кои таа вечер биле на смена и нивниот непосреден раководител и врз основа на наодите од дисциплинската постапка ќе се процени дали информациите кои ќе се се соберат ќе има потреба да се спроведат до Јавното обвинителство.

Во врска со одговорноста како директор на царинската управа и барањето за оставка, таа истакна дека нема да ја поднесе.

Јас лично немам проблем да поднесам оставка доколку тоа би помогнало во постоечката ситуација. Ако се смета дека тоа ќе има позитивно влијание. Сметам дека царинската управа е една од најсериозните институции во државата која води постојана битка да ги олесни границите, да го забрза протокот и истовреено да контролира и тоа е тежок баланс за воспоставување – рече Кутиров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.