Доцна синоќа светските медиуми објавија дека австрискиот канцелар Себастијан Курц поднел оставка во услови на истрага за тоа дали користел државни средства за да плати за поволни анкети за јавното мислење и за вести во медиуми.

Иако можеби кај нас ова е вест со силен одек во време кога се бараат оставки од министри, во здравите демократии е вообичаено функционер, па и премиер, да поднесе оставка кога нивното име ќе излезе од устата на обвинител. Така, австриските обвинители го посочуваат Курц како осомничен во случај со употреба на јавни средства за плаќање позитивно медиумско покривање.

Мојата земја ми е поважна од мене, рече Курц.

Но, што е важно во Македонија. Веќе не е вест да се каже дека фотелјите на функционерите се поважни од животите на луѓето. Во Македонија живи изгореа 14 луѓе, но позицијата на министерот за здравство и на премиерот, секако, е побетонирана од кога било. А тоа така затоа што само цврстата политичка позиција носи профитабилни тендери.

А зошто политичката популарност на владините функционери „не опаѓа“ и покрај катастрофалниот и нехуман учинок? Едноставно, затоа што на сметките на агенции за мерење на на рејтингот се слеваат доволно стотици илјади евра.

Во Македонија, Владата отворено ја финансира својата омилена агенција „Рејтинг“, а официјалните податоци од Јавни набавки говорат колкави се сумите кои оваа агенција ги добива. На сметка на „Рејтинг“ кој го мери рејтингот на Заев и неговата партија, добива милионски тендери.

Владата со која раководи Зоран Заев, министерства, општини со кои раководат луѓе од СДСМ, јавни претпријатија под капа на директори поставени од партијата на Заев…. за низа јавни набавки доделуваат високи суми на пари на Друштвото за менаџмент и консултанстки активности Агенција РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје.

Но, Рејтинг на Ѓорѓи и Никола Спасови не е единствената агенција на која ѝ се полни џебот за да има полна уста пофалби за премиерот Зоран Заев и неговите министри.

Уште еден доказ дека СДСМ е најлошото за државата  што фирмата Стратум РиД, која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации, пред изборите мести анкети за СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата е лажна и за политичка  употреба пред самите избори, што најдобро ја отсликува нервозата во СДСМ и поразот кој им следи. Компанијата која е соработничка на владата сега е соработничка и на СДСМ. Веројатно самите анкети се правени на компјутерот во седиштето на СДСМ, а не врз основа на научен и репрезентативен примерок. За сето ова говори и фактот што управителката на Стратум Весна Кузмановиќ е соработник и со Зоран Заев, што го потврдуваат и фотографиите кои во прилог ги испраќаме, пишува во партиското

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат со колку агенции за јавно мислење до сега Заев и Владата имаат склучено договори.

Заев да не се крие зад владини соопштенија и да одговори дали со државни пари финансирал агенции за мерење на јавно мислење, кои потоа излегувале со анкети на кои тој и СДСМ имаат добар рејтинг? Дали Заев со пари на народот платил агенција за мерење на јавно мислење за една потреба, а таа иста агенција после неколку месеци прави политичка анкета на која резултатите се поволни за него? Колку чини власта на Заев и дали народните пари се злоупотребуваат во директна политичка кампања? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму исто така прашуваат дали и колку од тие агенции коишто ги платила Владата до сега излегле со анкета за локалните избори и дали тој резултат е во полза на Заев.

Тоа што Заев редовно го прави во Македонија, во Австрија која е земја-членка на ЕУ, дури и да постои сомнеж за тоа, цела влада си дава оставка. Да го следеше Заев тој пример до сега требаше едно 1.000 пати да си даде оставка. Но, кај Заев нема ништо европско, тој дури и кога е фатен инфлагранти во криминал не дава оставка, туку се крие и бара изговори – се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.