Австрискиот канцелар Себастијан Курц, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и премиерите на земјите од Западен Балкан денеска одржаа видео конференција, на која освен за борбата против коронавирусот, се отвори и прашањето за проширувањето на ЕУ и илегалната миграција.

Тие се изјаснија дека се согласуваат уште овој месец ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

– Ја потенцираме потребата ЕУ уште во март да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија, се наведува во заклучокот од видео конференцијата.

Како што истакнаа учесниците, тоа е од одлучувачко значење како за двете земји, така и за веродостојноста на европската перспектива на целиот регион.

Во заклучокот од состанокот е поздравен и предлогот на Европската комисија за новата методологија на процесот за проширување.

На денешната видео конференција учествуваа премиерите на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Косово



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.