Министерот Филипче објасни дека е донесена одлука да се затворат сите продавници во моловите, освен супермаркетите, продавниците за храна и аптеките.

-Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници. Сите угостителски објекти кои подготвуваат храна и продаваат храна може да работат, но без посетители, и да остваруваат продажба на алтернативен начин, односно да вршат продажба онлајн и достава надвор од угостителскиот објект (на врата на објектот), истакна министерот Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.