Поранашната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска, смета дека монтажната болница која со денови ја промовираат скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска е само за нејзина лична промоција. Според Куновска, за пациенти можеше да се искористи зградата која се наоѓа веднаш до Инфективната клиника, поточно онаа за стоматолошки болести, која во периодот е празна.
При времено затворена и празна зграда на стоматологија веднаш до инфективна, веројатно единствено за да се слика Шекеринска два-три дена, беше неопходна монтажна болница во болница, вели Куновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.