Начинот на кој мислите ги прередуваме во зборови, јазикот што го осознаваме уште низ бранувањето на плодовата вода во ритамот на мајчиниот глас, МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК е код, клуч на нашето битисување, лична карта, мост што ги врзува минатото и иднината и ја осмислува сегашноста.
Негирањето, омаловажувањето на јазикот е жесток удар во самиот корен, израз на крајно непријателство, на зла, геноцидна мисла, пишува Софија Куновска пренесувајќи цитат од Крсте Мисирков.

„Да сочуат некој својот народен јазик и да го бранит као светијња, значит, да останит он верен на дуот на својите предедовци и да уважаат сè, шчо имаат они напраено за својето потомство. Да се откажит чоек от својо народен јазик, значит, да се откажит он и од народнијот дух. Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни.Није имаме и прао, осем долгот, да браниме нашијот јазик и тоа прао ни јет свешчено.“- Мисирков

Жаклина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.