Oна што сега СДСМ се обидува да го рашири меѓу своето членство е дека Ѓорѓиев, Минчев, Бендевска итн. се дел од екипата, дека тие работат за партијата, но тоа едноставно не е точно, вели поранешниот пратеник на СДСМ Сафет Бишевац.

Тие се откажаа од нивно партиципирање во раководството на СДСМ уште на конгресот кога Зоран Заев беше избран за прв човек. Во овој момент практично се на некакво нивно на пасивност, не работат јавно против Заев, рече новинарот во вечерашното гостување на „Заспиј ако можеш“.

Помеѓу членовите на Социјалдемократскиот сојуз кои отворено зборуваат за отворено против сегашните политики на партијата, ја спомена и Софија Куновска.

Да се разбереме, тоа се работи кои се принципиелни. Дали некому му се допаѓа или не, Софија Куновска беше членот на ИК кој се побуни заради дел од луѓето кои беа донесени во СДСМ од страна, но пред сè клучна беше измената на статутот на СДСМ, со кој лидерот е тој кој именува, разрешува, нешто како зациментиран султански принцип, рече Бишевац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.