Симбол на вкупната заостанатост на политичките елити е чинот на Талат Џафери, кој во Европскиот парламент се обрати на албански јазик свесно кршејќи го Уставот, смета Софија Куновска.

За неа, тој постапил како племенски поглавица, а не како втор човек во државата, но не е изненадена од изјавата на премиерот дека нема да побара одговорност од Џафери.

Кога беше за фалење не штедев пофалби за претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери.
Денес пак кога тој самиот се претставува себе си како племенски поглавица и симбол на вкупната заостанатост на нашите политички елити, што друго останува да се каже освен дека нема надеж и иднина за земја во која највисоките функционери ги кршат законите.
Плус, ете гледате премиерот нема да бара одговорност.
Фотељи, пред се!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.